Заев и Ципрас утре ќе се слушнат на телефон, од влада велат – не!

Долго најавуваниот телефонски разговор меѓу премиерите Зоран Заев и неговиот грчки колега Алексис Ципрас ќе се оствари утре, дознава „Макфакс“ од високи дипломатски извори.

Тие се очекува да разговараат за напредокот на преговарачкиот процес за спорот со името,односно за финализирање на договорот.

„Доцна викендов на советничко ниво, двете земји преку нивните советници разговарале за одредени отворени прашања и постигнале напредок.

Македонската страна понудила ‘креативни решенија“ кои го штитат идентитетот и јазикот на државата“, дознава „Макфакс“. 

„Во тек се консултации. Доколку дојде до разговор на премиерско ниво, јавноста веднаш ќе биде информирана. Во овој момент нема договорен разговор“, се вели во реакцијата по објавената вест на „Макфакс“.

 

 

SHARE

Comments are closed.