Заев и колегите планирале “царска” прослава за датумот за ЕУ

Владата одлучила да го рекламира успехот за добиениот датум за преговори и за тоа да потроши 325 илјади евра, но откако датумот се загуби, кампањата се откажала, објавува Истражувачката репортерска лабораторија.

Членовите на владиниот кабинет биле оптимисти дека Европа ќе одлучи позитивно по препораката на Европскиот парламент за конечно започнување преговори за членство, па на 8 октомври годинава на 156 тата владина седница одлучиле да спроведат кампања за промоција на европските вредности вредна 20 милиони денари или 325 илјади евра јавува ИРЛ.

SHARE