Заев и Пендаровски го одбија „бугарскиот компромис“ од Брисел

Премиерот Зоран Заев и претседателот Стево Пендаровски го одбија таканаречениот „бугарски компромис“, за кој јави порталот „Политико“.

На прашање дали е прифатливо Македонија да се согласи дека нејзиниот јазик и македонската нација потекнуваат од бугарската за да почне преговори со Европската унија, Заев одговори дека тоа е неприфатливо.

Истиот став го има и Пендаровски, во чиј кабинет денеска се состана Советот за безбедност во врска со Ковид-19.

Што точно бара Владата во Софија засега никој точно не открива.