Заев: Или ќе се договориме или – избори!

Во следниве неколку дена очекуваме да се знае дали постои можност за договор со опозицијата за остварување двотретинското мнозинство во Парламентот, кое е потребно за да се изгласаат уставните измени во Законодавниот дом кои произлегуваат од договорот со Грција или, пак, ќе треба да се оди на предвремени парламентарни избори, изјави денеска премиерот Зоран Заев, пренесува Макфакс.

Според премиерот постои капацитет за одржување предвремени парламентарни избори кои се последна опција доколку не се дојде до договор. Доколку дојде до избори, тие според него ќе се случат многу брзо.

SHARE