Заев ја повика дијаспората да инвестира во земјата

Премиерот Зоран Заев и министерот без ресор задолжен за дијаспора Едмонд Адеми синоќа се сретнаа со повеќе претставници на дијаспората во Италија, Швајцарија, Германија, Белгија, Луксембург, Турција и САД.

„ Создаваме безбедна, сигурна и економски просперитетна држава, која има пријателски односи со сите соседи и поволни услови за инвестиции“, информирал премиерот соопшти владината прес-служба.

Заев посочил дека според „Извештајот за инвестициите во светот за 2019 година“ од Конференцијата на ОН за трговија и развој (УНКТАД) Македонија е прогласена за земја со најголем раст на директни странски инвестиции со остварени 737 милиони долари, односно 624 милиони евра, странски инвестиции.

„Првата порака е инвестирајте. Очекуваме да расте просперитетот на државата, продолжуваме со реформите во сите области, особено во правосудството и ја зајакнуваме бескомпромисната борба со корупцијата“, истакнал премиерот, како што пренесува „Макфакс’:

SHARE