Лидерот на СДСМ на денешната прес-конференција рече дека по вчерашната одлука на амбасадорите од ЕУ, од секаде пристинале честитки но не и од опозицијата.

„Но, би било добро е да му честитаат на народот, да го охрабрат нашиот народ заради тоа што дефинитивно ова е заедничка радост на сите. Мегдани меѓу власт и опозиција ќе има многу. Да се бориме за економски мерки и идеи, како побрзо да го дигнеме економскиот стандард на нашиот народ, да имаме идеи да се бориме со корона вирусот и здравствениот аспект… Должни се да го поздрават и да му се израдуваат и навистина да го повикаат народот да се израдува“, рече Заев.