Заев ја промовира кратенката НРТВ за јавниот радиодифузен сервис

НРТВ е кратенката што премиерот Зоран Заев ја употреби на Твитер за Македонска радиотелевизија (МРТВ), на која синоќа гостуваше заедно со министерката за економија Нина Ангеловска, образложувајќи го предлог-буџетот за 2020 година пред новинари и уредници од повеќе медиуми.

Иако со владина одлука по аминувањето на Преспански договор од Собранието јавниот радиодофузен сервис е преименуван во Национална радиотелевизија, кратенките МРТ и МТВ и понатаму се во употреба во нејзините програми и емисии, како и од новинарите.

„МРТВ е основана од Собранието. Немаат право да го променат името во НРТВ, затоа што султан Зоран така рекол“, е еден од коментарите под твитот на премиерот.

SHARE