Заев: Јас ќе бидам идниот премиер

Претседателот на македонската влада кој на 3 јануари ќе се повлече од функцијата согласно „пржинските правила“ 100 дена пред предвремените парламентарни избори, вели дека тој одново ќе биде премиер доколку СДСМ формира нова влада.
„Техничкиот премиер ќе биде познат во декември, по консултациите во самиот СДСМ и со коалициските партнери.

Доколку формираме нова Влада, јас ќе продолжам да бидам премиер, тоа е веќе познато, бидејќи јас ќе ја водам изборната кампања, рече премиерот Заев денеска во Бунарџик.

SHARE