Заев: Јас сум првиот Македонец што се бори за Албанците




„Јас сум првиот Македонец што се бори отворено за Албанците, имам белези на лицето, но горд сум. Изгубив македонски гласови, но ова е иднината на оваа мултиетничка земја“, изјави во ексклузивно интервју за албанската А2 CNN премиерот Зоран Заев кој сметга дека ја заслужил довербата од Албанците.

Според него, разликата со другите влади во минатото лежи во фактот дека „извршени се многу инфраструктурни интервенции, без да се праша кој живее таму, во кого имаат доверба“.

Ова се случува за прв пат во Северна Македонија. Кога ги прашувате Албанците, тие јасно велат „ја сакаме оваа земја, но сега чувствуваме дека и земјата нè сака и нас. Зошто се случува ова? Затоа што сите се третираат подеднакво“.
Заев изјави дека анкетите тој стои „подобро од Али Ахмети, Зијадин Села, Биљал Касами, Африм Гаши и дека со некои од нив соработува“.

„Горд сум на тоа “, вели Македонскиот премиер.