Заев: Ќе ги корегираме учебниците по историја

Премиерот откри дека на денешната средба на Комисијата за историски прашања бил постигнат напредок, а разговорите се водат во пријатна и пријателска атмосфера.

Според него, во учебната година 2021/2022 ќе започне имплементација во учебниците на она што е договорено во Комисијата за историски прашања..

„Нашата Влада од досега усвоените записници е подготвена на некоја од следните седници да ги објави записниците за петте историски личности, односно трите историски периоди за да испратиме порака, дека веднаш после тоа започнуваме со импелемнатција на учебниците за 2021-22 година и од бугарска и од македонска страна, за сето она што е поврзано со Цар Самоил, Кирил и Методиј, Климент и Наум Охридски“,  изјави Заев.

Тој повтори дека во разговорите со Бугарија никој не преговара за македонскиот идентитет и за македонскиот јазик.

„Тоа е наше право на самоопределување“, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

Според него, Владо Бучковски како специјален претставник ќе има мандат за една година и ќе работи на акциски план за подобрување на реализацијата на Договорот со Бугарија, што би довело до зајакнување на пријателството

SHARE