Заев ќе ги премислува просветарите да не штрајкуваат


Премиерот Зоран Заев за денеска најави дека денеска ќе има средба со синдикат на просветарите на која ќе се обиде да ги разубеди да се откажат од најавениот генерален штрајк, откако во тоа не успеа министерот Арбер Адеми.

И по последната средба СОНК и Министерството за образование и наука останаа секој на своите позиции- Првите бараат 25 % зголемување на платите, а Владата останува на одлуката дека може дополнително да ја покачи платата на наставниците и професорите за 10 отсто од 1 април која веќе еднаш ја зголеми за 5 проценти од 1 септември.

Премиерот вчера од собраниска говорница рече дека никогаш не се случило вакво покачување на платите во образованието како во последните 2, години.

SHARE