Заев ќе вози мотор и ќе одмара, владата ќе работи

Кабинетот на Зоран Заев утрово преку националната информативна агенција информира дека премиерот ќе биде отсутен од работа.

Заев земал одмор четири дена поради приватни причини.

Од владата не кажуваат каде ќе оди и што ќе прави но порталот Република објавува видеоснимка од Ново Село која може да го даде одговорот на ова прашање.

Според читателот кој ја испраќа снимката преку овој граничен премин со полициско обезбедување се пренесуваат моторите на Заев кон Бугарија.

Од Владата ја уверуваат јавноста дека отсуството на Заев нема да се одрази на функционалноста на извршната власт.

Видеото од Ново Село на овој линк

SHARE