Заев: Комичарите ги барав и јас (ВИДЕО)

Хибридниот напад од руските комичари кои на премиерот Зоран Заев му се претставиле како Порошенко и Столтенберг во дури три јавувања во текот на една година, се чини, бил двостран.

Во изјава за медиумите, Заев денеска рече дека комуникацијата меѓу него и руските комичари била взаемна.

Односно, дека е можно е и тој самиот неколку пати телефонски да им се јавувал убеден дека разговара со вистинските Столтенберг и Порошенко.

Заев, запрашан кога открил дека се работи за измама, рече дека тоа го дознал дури завчера, кога биле објавени снимените телефонски разговори.

SHARE