„Овие фејк перформанси се приватни работи, не се акт од Руската федерација и соработката меѓу нашите земји“ изјави денеска премиерот Зоран Заев во врска со местенката со телефонските разговори од руски пранкери.

Вчера, премиерот призна дека не само што бил цел на комичарите Вова и Лексус кои ја објавија скандалозната аудио снимка, туку надополни дека и тој ги барал нив па дури и дека им испраќал фотографии од европски политичари со кои билво контакт.

Заев заедно со рускиот амбасадор во земјава присуствуваше на свечено отворање бензиска пумпа на „Лукоил“ на патот кон скопско Арачиново.,а во текот на денот ќе имаат и средба.

Ова е дијаметрално спротивно на изјавите на министерката за одбрана, Радмила Шекеринска која вчера изјави дека „мора да се навикнеме дека во периодот зад нас и најверојатно во текот на следната година ќе бидеме цел на различни типови на хибридни, сајбер и друг тип на напади, чија е цел е да го загрозат нашиот пат до членство во НАТО“.

Ден претходно, пратеничката Ременски отиде малку понатаму оценувајќи дека Заев бил цел на хибриден напад од руски разузнувачи.

SHARE