Македонија да се вклучи во изградба на терминалот за течен природен гас во близина на Александрополис во Грција, како нова, независна влезна точка за снабдување со природен гас на земјите од Југоисточна Европа, меѓу кои и нашата земја, вели премиерот Заев кој од денеска е во посета на соседна Грција.

Ова било дел од разговорите меѓу премиерот Зоран Заев и Кристос Копелузос, извршен директор на групацијата „Копелузос“, која е основачки акционер на компанијата „Гастрејд“, дознава 360 степени.

На дводневната работна средба во Грција заедно со премиерот Заев учествуваше и заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи.

Покрај ова, земјава ќе биде дел од проектот за изградба на пловна станица на 17 километри од Александрополис за привремено складирање и гасификација на течниот природен гас, со капацитет од 170 000 кубни метри и можност за снабдување со природен гас од над 5,5 милијарди кубни метри.

SHARE