По средбата со грчкиот колега Кирјакос Мицотакис во Атина, премиерот Зоран Заев во интервју за МИА вели дека тој сака да дојде во Скопје, а од неговото последно доаѓање во земјава пред 20 години има убави спомени.

„Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис сака да дојде во Скопје, затоа што сака да се потсети на тогашните години 1999-2000 кога бил главен, одговорен на Националната банка на Грција за аквизицијата или купувањето на Стопанска банка – Скопје.

Според Заев, Мицотакис имал убави спомени од тој период.

„Нема дојдено од тогаш“, вели Заев во интервјуто кое МИА.

Македонскиот премиер во Атина учествуваше на конференција на угледниот магазин „Економист“, а за време на престојот имаше и средби со Мицотакис и со грчката претседателка Катерина Сакеларопулу.

SHARE