Заев мисли дека има право да етикетира медиуми – му плачеле децата (ВИДЕО)

Запрашан зошто се однесува како Груевски, самиот да одлучува каде ќе даде интервју и да етикетира медиуми, лидерот на СДСМ одговара дека имал уставно право да каже лично мислење со кое етикетира медиуми.

Откако му го одзеде правото на уредникот на инфомакс.мк Александар Митовски да постави прашање а потоа немаше повеќе од едно поставено прашање на прес конференција Зоран Заев даде фрапантен одговор на медиумите.

Одговарајќи на новинарот на ТВ Клан Фуркан Салиу Заев вели дека како што новинарите имале право да критикуваат така и тој може да етикетира и да кажува кои медиуми се партиски определени.

Во видеото што го објавува Митовски Заев тврди дека има уставно право да ги напаѓа медиуми преку своите лични впечатоци.

Во вториот дел од видеото Заев на Салиу му објаснува дека причината за ваквиот негов однос кон медиумите е затоа што неговите деца плачеле од медиумите кои тој сега отворено ги напаѓа.

Јас не знам кои медиуми пишувале од штабот на ВМРО, ама знам кои новинари еднаш неделно јадат ручек со Заев.Јас не…

Posted by Александар Митовски on Tuesday, August 4, 2020

SHARE