Заев многу ги сака дечињата на Верушевски јуниор, му ги простил “бомбите”

Лидерот на СДСМ Зоран Заев откри дека
Александар Верушевски, синот на советникот за национална безбедност на Владата Зоран Верушевски, е човекот кој ги лиферувал четирите аудио снимки кои на 9 мај се појавија на каналот јутјуб од авторот „Бошко Буха“ во кои Заев се слуша како го пцуе народот што не гласа за него.

Лидерот на СДСМ, одговарајќи на новинарско прашање, денеска рече дека разговорот се случил во 2016 година кога Александар синот на Зоран бил на ручек со него во Струмица.

Дестина дена откако беше објавено што зборуваат Заев го откри идентитетот на снимателот кому му простил.

„Седевме ручавме и ете сега видов дека ме снимал. Во добри односи сме и сега. Јас сум пријател со неговото семејство, многу ги сакам неговите дечиња. Тој така одлучил, така направил. Знаете дека и со неговиот татко соработувам како советник на национална безбедност“, изјави Заев.

SHARE