„Имав повеќе средби со родителите на децата убиени крај Смилковско Езеро. Тие сакаа да дознаат повеќе информации што се случило. На една од тие средби дел од родителите изразија сомневање дека институциите на системот, посебно правосудниот кријат одредени податоци. Поточно се работеше за 4 или 5 комуникации помеѓу тогаш осудени лица за кои што еден од тие разговори беше сокриен од нив од страна на ОЈО како службена тајна. Јас ги извадив истите комуникации и пред нив ги презентирав“, рече лчидерот на СДСМ Зоран Заев, .

За неговото ветување во медиумите дека јавно ќе ги објави материјалите за овој случај тој вели:

„Можно е да сум рекол дека јавно ќе ги објавам материјалите, а потоа не се случило тоа, од единствена причина што сум верувал дека не постои целовитост за создавање цела слика, за мене, којшто не поседувам други видови материјални докази, а и не сум правник за да можам да крај да го согледам правниот настан околу убиството и затоа на крајот донесов одлука, се што поседувам, да не биде објавено, туку дека ми е должност да ги доставам до СЈО, а тие да ги употребат за докажување до крај вистината и секако пред суд“, рече Заев пренесе 360 степени.

Тој рече дека очекува да биде откриена вистината и спроведена правдата во овој случај.

За петкратното убиство на 12 април 2012 година, на момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, во претходна постапка за случајот на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

SHARE