Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во дуелот на ТВ 24 му понуди на првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, меѓусебна поддршка со пратеници за состав на малцинска влада.

„Јас сум кандидатот за премиер и јас ќе бидам идниот премиер со тие што ќе направиме парламентарно мнозинство. Ако условот биде да мора да бидеме со ДУИ, нема да преговараме со нив. Сум спремен да му отстапам, во разговор со нашите пратеници, 13 пратеници на Мицкоски, зошто толку ќе му требаат за 61 пратеник, тој да формира малцинска влада. Или ќе бараме од него да ми отстапи 6, оти толку ќе ни требаат нам за да формираме малцинска влада. Никој не смее под уцени да преговара“, изјави експремиерот.

По претходните парламентарни избори во 2016 година Заев одби слична понуда од тогашниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, за поддршка да формира влада само да не ја прифати Тиранската платформа.

„ВМРО-ДПМНЕ ќе ја предводи идната влада и постојат луѓе кои се дел од коалицијата ‘Можеме’, а кои се на пратеничките листи и во иднина ќе ја поддржат политиката на неговата партија. По 15 јули на ВМРО-ДПМНЕ можеби и нема да му требаат повеќе од еден или двајца пратеници од коалицијата ‘Можеме’ за да поддржи влада со полн легимитет. Верувајте, ги има повеќе во овој изборен период кои намигнуваат и сакаат да ги поддржат политиките на коалицијата ”“, реплицира Мицкоски.

SHARE