Oдговарајќи на новинарско прашање дали победата на Стево Пендаровски му ја донеле гласовите од ДУИ, за што имаше и конкретни изјави од функционери на таа партија, премиерот Зоран Заев одговори.

„Да не се чаталиме многу, никој не ги носи гласовите на граѓаните во џеб, ниту политичарите, ниту партиите. Видовме дека во изборот на претседател имаа влијание гласовите од сите етнички групи и партии и Стево Пендаровски ќе биде претседател на сите граѓани.

Им се заблагодарувам и на гласачите на Блерим Река и на двете опозициски партии кои ги ослободија гласачите да излезат и да гласаат и да избереме претседател“, рече Заев по одбележувањето на Денот на македонскиот јазик во Владата, пренесува порталот СДК.

SHARE

Оставете коментар