Дека јас сум Македонец, дека јас зборувам македонски јазик, тоа е мое право, тоа е европска вредност, изјави  Зоран Заев по нападите од бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов, кој му порача на македонскиот премиер да не ја злоупотребува темата за македонскиот јазик, за да не се прости Македонија со  членство во ЕУ и НАТО.

Одговарајќи на прашање на јавната дебата што се одржа во Штип, премиерот уште еднаш повтори дека очекува европските вредности да бидат прифатени од сите, пренесе Мета.

„Ќе продолжам да зборувам во духот на пријателството и ќе продолжам да градам пријателство, без разлика на какви причини некој темели свои изјави или слично. Јас верувам дека и господинот Каракачанов и министерката Захариева и премиерот Борисов, но пред се бугарскиот народ е пријателски народ на нашиот народ“, рече Заев.

Каракачанов: Заев да не зборува за македонски јазик, за да не се прости од ЕУ

SHARE

5 Коментари

  1. Така зборуваш додека не го смениш Уставот, после тоа ќе ја избришеш буквата М од азбуката.

  2. Koga si Makedonec i zboruvas makedonski jazik togas zosto se menuva imeto i zosto ne e napisano toa vo Prespanskiot dogovor.

  3. За коментарот на Зоран ништо не кажувам. Зоран игледа добил надареност од Бога и станал пророк, (да не речам јасновидец) па „јасно“ ја гледа иднината. Ти Ристо ме чудиш. Уште ли не знаеш зошто во името е ДОДАДЕНА географската одредница, па наместо Република Македонија ќе стои Република Северна Македонија? Што не е напишано во Преспанскиот договор? Дека ние сме Македонци и дека нашиот јазик е македонски јазик? Па тоа го има во договорот. Во договорот е точно кажано кој сме ние. А тоа е потврдено и од целиот свет – дека ние сме Македонци (посебен народ, како дел од Јужнословнските народи) и нашиот јазик е македонски јазик (еден од јазиците на Јужнословенските народи). Што не е јасно?

Comments are closed.