Заев на пуштањето од болница на пациентот со трансплантирано срце?!

Лидерот на СДСМ и експремиер Зоран Заев во завршницата од предизборната кампања стигна да ја посети и Клиниката за државна кардиохирургија, каде што со министерот за здравство Венко Филипче присуствуваа на пуштањето од болница на пациентот Иван, кому му беше трансплантирано срце од починатиот донор Емилија Динева.

„Денеска Иван, на кого му беше трансплантирано срце заминува од Клиниката за државна кардиохирургија на домашно лекување. Испишавме историја во јавното здравство, во кардиохирургијата и горд сум на тоа. Горд сум на нашиот здравствен систем и стручноста на здравствените работници“, рече носителот на листа на СДСМ и Беса во третата изборна единица.

„Во кое својство претседател на политичка партија во ек на политичка кампања се слика со трансплантиран пациент на Државната кардиохирургија?!
Каква “шизоидна” личност треба да си, за да отидеш да се сликаш со човек кој благодарение на нашите кардиохирурзи живее “втор живот”, а претходно на дневна основа се гледаш со илјадници луѓе на партиски средби и митинзи (во зенитот на Корона кризата)?
Каков несовесен министер си ти – Венко Филипче, што дозволуваш за ситни политички поени да му го загрозиш животот на трансплантираниот пациент, кој е таму само поради стручноста и професионалноста на нашите кардиохирурзи!!!
Какво дно од луѓе сте!
Политички профитери без грам емпатичност!“, е еден од коментарите под објавата на Фејсбук-профилот на Филипче со галерија фотографии од настанот.

SHARE