Бугарија одлучи да ѝ даде поддршка на Македонија за отпочнување на преговорите со ЕУ, но постави услови кои ќе треба да се исполнат во текот на отворањето на поглавјата.

За таа цел, премиерот Зоран Заев в понеделник ќе се состане со македонските историчари од заедничката Комисија на експерти која треба да најде заеднички јазик со бугарската страна согласно Договорот за добрососедство со Бугарија.

Жешки теми се идентитетот на револуционерот Гоце Делчев и средновековието откако последната средба на историчарите во септември беше оценета како неуспешна.

„Бугарија има интерес од нашиот прогрес кон ЕУ. Овие денови ќе имам контакти со Бојко Борисов, нашите министри се во постојана комуникација. Бугарија ќе биде најгласниот поддржувач за отпочнување на преговорите со ЕУ. Јасна ми е дебатата и во Македонија и во Бугарија за нашиот револуционер. Во понеделник ќе имам состанок со комисијата, која пак на 15 октомври ќе има средба во рамки на комитетот. Да го отвориме патот за младите, за децата, за идните генерации“, рече Заев.

Седмата средба на Мешовитата комисија за прашања од историјата и образованието што се се одржа во септември во Софија од двете страни беше оценета како најбесполезна досега.

SHARE