Заев на Телма: Ако фатам еден ќе одговара за сите (2)

Во дебата на Телма премиерот Заев најави дека референдумот за името ќе се случи на крајот на септември за целиот процес од пакетот за името да се заврши до крајот на годината и најави дека очекува и Грција во истиот рок да го ратификува договорот со Македонија.

Заев најави дека партиите се договориле во ДИК сега да има политички претставници но на 6 месеци пред избори да бидат именувани професионалци.

Запрашан зошто низа закони за кои владата ветила дека ќе ги прати во Ванецијанската комисија не се досега испратени тој одговори дека не знае зашто не се пратени и утре ќе даде наредба законите да се испратат во Венецијанската комисија.

Во врска со кадровската политика на СДСМ и владата која што ја критикуваа сите учесници во дебатата Заев рече дека тие што нема да бидат добри за директори ќе бидат ставени на други позиции во вториот или третиот ешалон.

За корупцијата премиерот најави дека „ако фатам еден ќе одговара за сите“. За советниците и националните координатори тој рече дека оваа влада „ троши повеќе помалку пари од предходната влада“.

Во врска со потрошеното време како премиер Заев изјави дека 10 до 20 насто троши на името, ЕУ и НАТО а 60 % на економијата.

SHARE

Comments are closed.