Заев најави бркање од работа за околу 30 илјади административци

Лидерот на СДСМ најави дека новата влада која најавува дека ќе ја предводи тој за 20 проценти ќе го намали бројот на работниците во јавната администрација.

“Идните чинители во новата Влада ќе треба да се подготвени и за сериозна реформа на јавната администрација – зборувам за ПРОМЕНА која ќе донесе ефикасно служење на потребите на граѓаните, но и промена со која обемот на администрацијата ќе се намали за 20%. Зборувам за помал број министри и за рационализација на јавните служби, но за поголем број и побрзи услуги за граѓаните”, вели Заев во изјавата која е објавена и на партискиот сајт на СДСМ.

Македонската јавна администрација е околу 150 илјади луѓе што значи дека Заев и СДСМ планираат од работа да избркаат околу 30 илјади административци.

Како ќе го направи тоа и под кои критериуми Заев не објасни во детали.

Линк до изјавата

Заев: Разговараме за стабилна четиригодишна Влада која ќе сработи на европскиот и патот на економијата и правдата

SHARE