Заев не гледа потреба од лидерска средба за Бугарија

Премиерот Зоран Заев вели дека не гледа потреба од лидерска средба околу спорот со Бугарија на што го повика лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

„Не гледам потреба од лидерска средба. Особено со човек кој нема став за ниту едно важно, национално или стратешко прашање“, изјави Зоран Заев за ТВ21.

„Со нашиот сосед, Бугарија, имаме Договор за соработка и добрососедство, кој патем е потпишан и на македонски јазик. Очекуваме во духот на овој Договор, да продолжиме заеднички да ги градиме односите. За темите кои произлегуваат од Договорот изразуваме волја да ги решаваме преку работата на комисиите кои имаат надлежност за тоа. Мицкоски не е за договор на било која тема, тој бара начин само како да наштети на државата, особено на процесите кои не водат кон ЕУ“, вели Заев.

SHARE