Заев: „Не може да се каже македонска историја, туку историја на с. Македонија“

Во гостувањето на „Радио 77“, премиерот Зоран Заев изјави дека бугарската страна инсистира да не се користи придавката „македонски“.

„Во меѓународна комуникација не може да се каже македонската Влада, туку може да се каже Владата на с. Македонија.

Употребата на македонското, македонската, Mакедонецот, македонските или слично не е спорно, но проблем е и кога зборувате за македонските учебници, кога зборувате за македонската историја, …

Значи они инсистираат да стои историјата на Република с. Македонија и секаде да стои така“, рече Заев.

Според Заев , таквата употреба кај нас политички веќе е решена и дека историчарите од бугарската страна треба да ги добијат насоките од нашето Министерство за надворешни работи.

SHARE