Осумте независни пратеници негираат дека биле контактирани од лидерот на СДСМ Зоран Заев за да се обезбедат 80 гласови за донесување на Законот за ЈО. Од независната парламентарна група од ВМРО-ДПМНЕ велат дека сè уште не го разгледале ни предлогот од власта.

И од Алијансата на Албанците велат дека ќе обезбедат гласови.

„Гласовите на пратениците на Алијансата ги има самата Алијанса. Нема разговори од ваква природа и никој не им ветил ништо за донесување на Законот за јавното обвинителство. Го знаете нашиот став. .. Отворени сме за разговори насочени кон подобрување на законот, ако е тоа еден од условите за започнување на преговорите со ЕУ“, рече Сурија Рашиди, пратеник на АА.

Од Движењето Беса велат дека се чувствуваат изневерени од Заев поради непочитувањето на договорот за ставање на етничката графа во личните карти. Според нив, досега немало контакти, а текстот на законот детално се разгледува, пренесе Алсат М..