Заев не сака ни да помисли дека ќе нема датум

Премиерот Зоран Заев останува оптимист за добивање позитивна одлука од Европскиот совет за датум за преговори и верува дека

„Останувам оптимист заради тоа што ги имаме сите аргументи на светот да добиеме позитивна одлука од Европскиот совет. Не сакам ни да размислувам дали ќе добиеме датум“, вели премиерот Зоран Заев убеден дека на 17 и 18 октомври ќе има конечен одговор за датум за ЕУ.

„Петаесет години чекавме, донесовме крупни одлуки, реформи, договорите се 100 отсто извршени, навистина сме пример за целиот регион. ЕУ не смее да си дозволи да го казни најдобриот на европскиот континенет затоа што тоа е важно за ЕУ, за регионот, за следно мотивирање на лидерите кои треба да наоѓат решенија и да ги реформираат своите општества. Мислам дека чекориме во вистински правец и дека со одлуките на ЕУ ќе се потврдат нашите очекувања“.

За синоќешната средба Меркел- Макрон, Заев рече дека верува оти ќе има заеднички заклучок.

SHARE