Лидерот на СДСМ Зоран Заев вели дека не му се лути на основачаот на партијата Бранко Црвеновски, кој го замрзна членството и повика да заседава Централниот одбор со оценка дека премиерот направил штета со интервјуто за БГНЕС.

„Таман работа ако му се лутам“, рече Заев.

„Тие се мои партиски другари кои сега не се дел од раководството.

Но, јас ги почитуван и тоа е демократско право. Ние имаме избори во април за претседател во партијата. Тука може секој да излезе и да понуди свои понуди. Ако некој смета дека Заев треба да биде променет, бујрумте во април“, рече Заев.