Премиерот ги демантираше информациите дека владејачката партија СДСМ ветила на жителите на Арачиново вработувања на 300 пилоти и рече дека  од лажна вест, и дека СДСМ всушност ветиле 300 пилот проекти, кои, додаде тој, се во процес на реализација.

„Сме ветиле работи за кои постојат пилот проекти и ја доживуваат сега својата имплементација. 300 пилоти не сме ветиле, ниту државата има потреба од толку, ниту имаме таков ресурс, а не пак, Општина Арачиново. Со должна почит, има сериозни капацитети во Арачиново за сите профили на дејности, но за 300 пилоти нема ни во мое Муртино, ни во Арачиново, ниту во Скопје“, рече Заев.

Извор: Либертас

SHARE