Премиерот Зоран Заев за БазФид Њуз. изјави дека странски бизнисмени кои имаат блиски врски со Русија, платиле илјадници долари за да се поттикне насилство со цел да се спречи Македонија да влезе во НАТО.

„Сега земјата бара помош од Трамп“ пишува порталот во насловот на веста.

Зоран Заев рече дека неговата влада добила повеќе извештаи дека „грчки бизнисмени“ кои “се сочувствителни на руската кауза” им платиле на Македонците суми во износ од 13.000 до 21.000 долари за „извршување акти на насилство“ пред клучниот референдум подоцна оваа година, кој ќе утврди дали балканската држава ќе може да се приклучи на воениот сојуз.

Заев ги образложил овие обвинувањата за време на интервјуто во Скопје, веднаш откако се вратил од самитот на НАТО во Брисел минатата недела.

Тој одби да именува кој стои зад плаќањата, поради чувствителноста на дипломатските односи околу кандидатурата на земјата за членство во НАТО.

Но, потенцирал дека полицијата дознала за плаќањата однеколку учесници во насилните протести пред парламентот во јуни.