Заев пак гарантира европска иднина

Претседателот на СДСМ и екс-премиер , Зоран Заев, денеска на ФБ упати порака дека носењето на Законот за јавно обвинителство ја гарантира европската иднина на државата.

да потсетиме, по името, уставот, Договорот со Бугарија, Законот за јазици… сега Законот за ЈО бил „клучот“ за европските порти, смета Заев.

„Секое попречување на овој процес значи бегање од правдата и оддалечување од Европската Унија. Да покажеме вистински демократски капацитет за градење на силни и независни институции, кои ќе се борат против криминалот и корупцијата“ пишува Заев.

Доколку до Парламентот биде доставен усогласен Предлог-закон за јавно обвинителство и по содржина и со договорено мнозинство, тој веднаш ќе биде ставен на собраниска седница, најави парламентарниот спикер Талат Џафери.

SHARE