Заев пак не стои на зборот: Не издржа ни една година

Нецела година откако јавно ги повика новинарите и сите други во јавноста да ги објавуваат сите инкриминирачки информации за него и неговата партија лидерот на СДСМ се повлече од јавно кажаниот збор и апел.

Во август минатат година Заев рече дека треба да се објавуваат и аудио Бомби и секаков вид на информации но сега ретерира.

Во интервју за МИА тој објави дека поднесол кривична пријава за објавените Бомби во кои се слуша и гледа дека тој лично имал заработено 8,5 милиони евра, дека неговиот брат давал дозвола за палење на коли на вмровци, дека братучедот Трајче давал дозвола за бизниси, дека Ден Дончев зема кеш од непознат човек и други информации.

За само една година Заев го смени ставот и сега има проблем со аудио бомбите со што практично призна дека Македонија веќе не е слободна држава.