Заев пак се посрамоти, овој пат настрадаа Борисов и Бугарија

Зоран Заев или неговиот протокол повторно направи грешка со симболи на друга држава.

По неколкуте грешки кога на пример наместо австриското беше поставено знамето на Латвија на средба со премиерот на Австрија сега на социјалните мрежи тие што ги водат неговите профили го згрешија знамето на Бугарија во пост во чест на три години од потпишување на договорот за пријателство.

“Добро бе, никој ли не забележа дека овие пак утнаа со боите на знамето, овојпат на бугарското? Кој им дава плата на тие од Протоколот? Виделе после некое време, поправиле, ама сепак. Срамота е малку така, пишува новинарот на Алфа и водител на емисијата Заспиј ако можеш Драган Милосављевиќ кој ја увидел грешката пред таа да биде исправена.

Владата која ја води СДСМ во изминативе три години направи неколку катастрофални протоколарни грешки на кои се смееше и домашната и меѓународната јавност а за грешките досега никој не одговараше.

SHARE