По објавување на денешната аудио-снимка во која екс-премиерот во разговор со непознато лица вели дека Албанците не вредат ни пет пари, претседателот на СДСМ за ТВ21 вели дека ДУИ не вредат пет пари на пазарот на гласови.

„ДУИ не вредат пет пари на пазарот на гласови. Тоа е мојот став денес, беше мој став и тогаш, во времето кога е снимен разговорот објавен денеска. Имаа 20 пратеници, се преполовија на 10, на овие избори ќе имаат уште помалку“, вели Заев.

Тој додава дека ја покажал и докажал неговата љубов кон Албанците на дело.

„Донесен е Законот за јазици, се грижиме за сите заедници, прв сум ги повикал Македонците да гласаат за Албанци и Албанците за Македонци, прв сум ја отворил партијата за Албанци високи функционери, прв направив предизборна коалиција со албанска партија и лично и фамилијарно сум поврзан со Албанците, кум сум на Мухамед Зекири и тоа ми е големо задоволство“, изјави Заев.

Посочува дека целата јавност слушнала дека тој не го изговара никаде зборот којштое навредлив за сограѓаните Албанци, туку тоа го прави соговорникот во снимениот разговор.

„Ваквите ниски и очајни обиди нема да ме обесхрабрат да го напуштам концептот едно општество за сите, чиј предводник сум. Напротив, ќе продолжам тоа да го правам и понатаму, со достојна почит кон сите мои сограѓани од сите етнички заедници. И покрај тоа што ДУИ не вреди пет пари, на 27 април со сопствен живот го бранев животот на Талат Џафери“, посочува Заев.

SHARE