Заев: Попис во април

„Пописот ќе се спроведе 2021 година. И точка. Го одложивме во 2020 година за 2021 по барање на опозицијата уште пред да се појави ковид-19. изјави премиерот Зоран Заев според кој нема да има пак одложување на оваа статистичка операција.

„Ние како држава спроведовме покомплексни, покомплицирани теренски активности, како што се изборите, пописот можеме да го спроведеме во април. Тој се работи според стандардите и раководството на Евростат“, рече премиерот кој дополни дека за тоа се предвидени и пари од буџетот.

SHARE