Премиерот Зоран Заев денеска од собраниска говорница соопшти дека се разгледуваат три можни локации за изградба на идниот клинички центар, кој ќе чини околу 450 милиони евра.

Одговарајќи на пратеничко прашање, Заев рече дека е битно да се исполнат потребните критериуми за ваков комплексен зафат.

Одлуката новиот Клинички центар да не се гради во Бардовци била малиот, збиен простор.

„ За новиот клинички се предвидени 120.000 метри квадратни. Формирана е комисија која како локации ги разгледува Бардовци, Ѓорче Петров и Петровец“ рече Заев, според кој нему лично попримамлива му е Ѓорче Петров, а во Петровец, според анализите, земјиштето е мочурливо.

Премиерот најави дека за неколку дена ќе биде претставена физибилити студијата, потоа ќе се премине на идејното решение, а дури потоа ќе се утврдува локацијата.

Запрашан кога би започнала изградбата Зеав одговори: „Јас се надевам дека можеме да си го дадеме како амбиција крајот на 2019 или пролетта на 2020 година ако е чиста локација со решени имотно-правни односи, урбанизација завршена, а имаме и проектна документација. Но, ако работиме заедно верувам дека ќе ги забрзаме сите процеси“.