Заев потврди средба, од Јанчев и Тодоров очекува помош за промена на уставот

По два дена молк откако presingtv.mk откри дека имало таен состанок во хотелот Сириус во Струмица премиерот Зоран Заев ги потврди информациите дека имал средба со Митко Јанчев и Никола Тодоров, со цел нивно влијание врз пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за уставни измен.

Иако Јанчев и Тодоров не се пратеници нитивсе дел од политичка партија Заев тврди дека со нив работи на координирање на реформите и на активности на интерпарламентарното тело формирано меѓу пратениците од власта и одметнатите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, кои гласаа за уставни измени и беа исклучени од партијата за истото.

Заев со оваа изјава ги потврди обвинувањата на опозицијата дека Јанчев и Тодоров се во коалиција со власта и работеле на убедување пратеници спротивно на партиската одлука да гласаат за уставни измени.

„Тоа што го разговаравме беше поврзано со интерпарламентарното тело и координативното тело за помирување и реформи и евроинтеграција така да кажам тие беа темите за кои што разговаравме заради тоа што знаете дека намерата е покрај завршување на процесот на Уставните амандмани можно максимално негово вградување колку што е можно во политичкиот естаблишмент. Тоа го правиме заради тоа што јасно изразената одговорност од Никола Тодоров и градоначалникот Митко Јанчев верувам дека можеме многу да охрабри одредени пратеници кои што знаат како е позитивниот чекор, а се уште нема доволно храброст да го направи тој чекор. Навистина ќе сторам се’, тежнеам до крајот на целиот овој процес и максимално консолидација во општеството за ова исклучително важно прашање“, одговара Заев на прашањето дали му е ветено од страна на Јанчев и Тодоров поддршка за уставните измени?

Запрашан дали и двајцата исклучени имаат влијание врз пратениците, иако се исклучени од партиските органи тој рече:

„Секако, верувам дека имаат и затоа ги повикав на едно кафе во Струмица, навистина беше се на транспарентен начин, пиевме кафе и разговаравме токму заради тоа секако нивното влијание не е од политички позиции посебно во партијата дали тоа што да се исклучени тие се чувствуваат ВМРО-ДПМНЕ. И верувам дека комуницираат со многу пратеници така барем практикуваат, такви се и моите чувства и продолжуваме на основ на разговори, и на основ на аргументи, основ на одговорност која што сите ја имаме. Да се обидеме да помогнеме во целиот тој процес.

Митко Јанчев беше разрешен од позицијата потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, а Никола Тодоров беше исклучен од членство во партијата по одлука на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ како последица на нивното против партиско делување во спротивност со статутот и одлуките на ВМРО-ДПМНЕ, токму заради вршење на непринципиелен притисок врз пратениците да гласаат за уставни измени, но и непринципиелна коалиција со власта.

За разлика од чувството на Џаев, предходно Никола Тодоров во изјава за Канал 5 во емисијата „Само вистина“ негираше дека убедувал пратеници да гласаат за промена на уставот.

„Дали јас сум работел со пратениците, прашајте ги! Може да ги прашате сите 8! Дали на било кој од нив сум им се јавил сум влијаел на нив итн. Можете да ги прашате, зошто ако ги прашате ќе ви одговорат негативно“, рече претходно Тородов.

Изјавата на Заев само ги зголеми шпекулациите во јавноста дека по притворањето на Сашо Мијалков, Јанчев и Тодоров се луѓето кои што ќе бидат инволвирани во обезбедување на двотретинско мнозинство за промена на уставното име.

Останува енигмата за средбата меѓу браќата Заеви, Јанчев и Тодоров