Заев повика на марш “Чекориме за правда“

Лидерот на СДСМ Зоран Заев за утре најави одржување марш пред Собранието под мотото „Чекориме за правда“ откако денеска и претходните денови поминаа сите законски предлози на оваа владина гарнитура.

„Утре во 18 часот часот пред Собранието ве повикувам на маршот Чекориме за правда. Од местото каде се донесе овој закон, од Собранието, до местото каде треба да ги видиме конечните правни разрешници, до Судот.

Се гледаме утре пред Собранието. Чекориме за правда!, рече Заев.

SHARE