Премиерот денеска најави дека освен „Македонскa поштa“ можно е приватизирање на „Еурокомпозит“, ТЕЦ Неготино, „Македонски железници – транспорт“, но и на други претпријатија.

„Јавно-приватното партнерство ќе биде една од преокупациите на Владата во делот на креирањето на економските политики во следниот период поради обидот да ги максимизираме сите ефекти за рестарт, односно за економски раст и развој кој верувам дека ќе биде пример во следните четири години“, изјави Заев, одговарајќи на новинарско прашање околу приватизацијата на „Пошта“, пренесе РСЕ.

SHARE