Заев призна дека Груевски бил следен и го „урниса“ министерот Спасовски (ФОТО + ВИДЕО)

Во интервјуто за влијателниот германски весник Франкфуртер Алгемајне Цајтунг премиерот Заев открива дека македонските власти односно полицијата под контрола на неговиот најблизок соработник Оливер Спасовски го следела експремиерот Груевски но тој сепак избегал.

Заев се обидува да објасни дека тој не можел да биде следен во неговите приватни соби но индиректно признава дека излегувајќи во ходник, или во подрум и користејќи го лифотот кој не е приватна просторија МВР направила превид или пак свесно дозволила Груевски да замине.

Со признанието на премиерот дека МВР го следела Никола Груевски повторно се отвора и прашањето за одговорност на министерот Спасовски и одговорните луѓе во полицијата.

Во интервјуто за ФАЦ Заев буквално за Греувски вели: „Ние го следевме“.

Без разлика дали Груевски бил следен затоа што МВР имало налог за следење од судија кој што не бил спроведен соодветно, или пак Груевски бил следен без налог од судот во прашање е огромен скандал за кој Јавното обвинителство мора да реагира.

Следење на граѓани без налог е едно од најтешките дела против законот.

Предходно Спасовски во неколку изјави ја отфрли неговата лична и одговорноста на МВР за бегството на Груевски. Тој само пред неколку дена тврдеше дека во моментот на бегството на Груевски немало никаква мерка со која што тој можел да се следи.

Во емисијата Отворено на 24 вести од 11 јуни министерот Спасовски тврдеше во моментот на бегството на Груевски немало ниту една мерка за тој да биде следен.

Тој во два наврати вели дека немало налог за следење на Груевски

„Системот мора да се консолидира, мора и обвинителството и судството да ги ценат доказите односно околностите при одредување или неодредување на мерката којашто треба да биде одредена. Во тој момент ниту една мерка немаше одредено за Груевски за да може да биде следен, задржан во притвор“, изјави Спасовски за 24 вести.

Доколку Спасовски е во право тогаш некоја безбедносна служба на своја рака или по наредба на друг функционер вршела следење на Груевски што е противуставно и противзаконски.

Првата изјава во која Спасовски за 24 Вести тврди дека немало налог за следење на Груевски е по 57 минута и 30 секудни

Втората изјава дека нема налог за следење на Груевски

Во Македонија единствена институција која што формално има капацитети за следење на граѓани е МВР. Доколку во прашање се други лица и организации кои што врешеле следење за кое знае премиерот тој мора да ги открие тие што го следеле Груевски и да каже кој друг се следи без налог од суд.

Интервјуто до весникот Франкфуртер Алгемајне Цајтунг на германски на овој линк

Линк до веста на а1он.мк кој го пренесува овој дел од интервјуто за ФАЦ овде

SHARE