Заев призна дека Јанакиевски и Ристовски се нападнати

Премиерот Заев денеска во изјава за медиумите призна дека Миле Јанакиевски и Спиро Риатовски биле нападнати во притвор.

Иако вчера неговиот портпарол Костадинов вината за инцидентот ја посочи кај Мицкоски и Груевски, Заев веќе побарал оставка од директорот на истражниот затвор во Шутка Ѓоко Котевски поради тоа што дозволил два тешки инциденти во “Шутка”.

„Јас се слушнав со директорот Ѓоко Котевски во врска со инцидентите во Шутка. Тој ми поднесе устен извештај дека притвореното лице Спире Ристовски со погрдни зборови прв вербално нападнал друго затворено лице, а потоа за многу кратко време се случил уште еден таков инцидент. Тоа не може да се толерира, без разлика дали истрагата ќе покаже дека нападнатите две лица го испровоцирале инцидентот или не. Во затворот секој треба да си ја врши работата и да не дозволува ни намерни и ненамерни инциденти. И секое лице што наоѓа таму лишено од слобода треба да биде безбедно. Со оглед на тоа што Владата го именува директорот на затворот во Шутка, очекувам тој во понеделник до Владата да си поднесе оставка“, рече сабајлево Заев на настан во Скопје.

Предходно вчера министерката за правда Рената Дескоска најави истрага за случајот.

„Мора во затворските установи да се почитуваат правата и слободите на лицата кои се лишени од слобода. Во спротивно, треба одговорните во тие установи да си поднесат оставка“, напиша Дескоска.

Поранешните министри Миле Јанакиески и Спире Ристовски, кои се во притвор во Шутка за случајот 27 април вчера биле претепани од осудени за убиството на 8 полицајци во Диво Насеље.

SHARE