Заев призна лично влијание во истраги на Организиран криминал при МВР (ВИДЕО)

Во шокантна изјава на емисијата Отворено на ТВ 24 премиерот Заев јавно призна дека има директно влијание на работата на професионалците во одделот за гонење на Организиран криминал во МВР.

Откако новинарот Младен Чадиковски му рече “Да не се правиме наудрени” затоа што подолго време сите знаеле за криминалот во Рекет и инволвираност на високи членови на СДСМ во случајот премиерот призна негово лично влијание врз професионалците во МВР.

Откако му беше посочена опцијата гонењето за Рекет да било изнудено од јавноста Заев призна дека влијае и врз активности на други владини институции како Царината, Финансиската полиција, УЈП и други.

Според него тој влијаел за сите осомничени бидат казнети односно да се гонат по П. С. (Правилата на службата) но не даде потврда дека не го правел и спротивното, да влијае за нивно ослободување од вина.

Овој дел од видеото е на 42 минута и 30 секунди.

SHARE