Заев разочаран од вчерашната средба со Мицкоски

„Разочаран сум од исходот на лидерската средба. Имав некоја надеж дека е можно да ја сменат матрицата и да излезат од заложбите на своите претходници. Се потрудивме да излеземе во пресрет и да бидеме попустливи, но кај Мицкоски се се сведува на едно барање – амнестија, уништување и запирање на слуачите од претходниот режим“, изјави денеска премиерот Зоран Заев на прес конференција на која ја оцени вчерашната неуспешна средба со Мицкоски.

„Се соочувавме со невозможно барање кое е против правдата, против ЕУ и НАТО, против граѓаните – тие бараат предметите на СЈО да дојдат под нивна контрола за конечно и да запрат. Ништо друго не беше нивна цел. Бараат криминалот да им го заташкаме. Ниту ги интересира ЕУ и НАТО, ниту владеењето на правото, тоа е мојот заклучок. Затоа е тешко да се  постигне договор. Тоа не смееме да го дозволиме, рече  Заев.

Според Заев Мицкоски побарал сите предмети што СЈО ги има покренато до 30 јуни 2017 да ги преземе Обвинител избран од нивна страна, а што ќе значи и нивно уништување. Побарал и запирање на сите истраги што СЈО ги презело по 30 јуни 2017.

„Ќе падне Титаник, ќе падне Талир, ќе паднат сите случаи за прислушувањето, изборите – тоа не е дозволиво“ рече Заев.

SHARE