Македонскиот премиер Зоран Заев во интервјуто за грчката државна телевизија ЕРТ изјавил дека се уште не утврдено кога ќе се одржи референдум на кој јавноста треба да се изјасни за договорот за името. Тој ги спомна 23 септември, 30 септември или 7 октомври како можни датуми.

Тој објаснил дека референдумот ќе има обврзувачки карактер, ќе биде прифатен од сите, па дури и од претседателот Иванов.

Одговарајќи на прашањето кои се роковите за македонската страна за ињсполнување на сите барања од договорот, премиерот Заев изјави дека целта која што е поставена кај нас е 15 јануари.

„ Ако ова се случи порано, тоа е во ред. Сакаме сè да се заврши пред Божиќните празници, дури и пред Нова година“ рече Заев.

SHARE

Comments are closed.