„Поднесовме кривични пријави за незаконско прислушување, за незаконско снимање кое што се случува и бараме тоа да се истера на крај“, соопшти претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во интервју за државната агенција МИА според кој пријавите се од СДСМ а се однесуваат на снимките објавени последните денови.

„Точно, не заради тоа што се плашиме од тие разговори, а тоа е пример како треба да се однесуваат и сите други кои што се цел на вакво незаконско прислушување. Законот вели дека е кривично дело незаконското прислушување дури и кога седиме на состанок и некој снима не мора телефонски да разговараме, снимањето е недозволиво, секако освен ако е објавено јавно за потребите на стенограми или било што од одредени состаноци. За тоа треба да постои одговорност. Но, нека им е на чест на нашите опоненти тоа што го прават со цел“, вели Заев за МИА.

АЗев објаснува дека кога СДСМ објавувал прислушувани материјали се однесувал одговорно.

„СДСМ кога објавуваше прислушувани разговори тоа го направи транспарентно. Излеговме на говорница, штитејќи ја комплетно приватноста на луѓето, секаде каде што постоеја индиции за криминал или неетичко однесување со тенденција за криминал, тоа јавно го објавивме, го составивме и срочивме во кривични пријави и го доставивме до тогашното ЈО коешто помина понатаму во СЈО.

Така да, кукавички е да се пуштаат разговори на начин на којшто се крши законот денеска тоа е типично само за опозицијата. СДСМ секојпат тоа го правел согласно закон како што е дозволено, објавувајќи со кривични пријави во времето кога дури и кога не беа забранети јавните објавувања на разговорите“ вели Заев за МИА.

SHARE