Претседателот на Косово Хашим Тачи, објави дека премиерот Зоран Заев се извинил за мешање во косовското прашање, објаснувајќи дека информациите што ги споделил со лажниот „Порошенко“ околу можниот договор со размена на територии меѓу Косово и Србија, ги обезбедил од руски Спутник.

Претседателот на Косово изјавил дека односите меѓу Косово и Северна Македонија остануваат стабилни.

Извинување премиерот упати и до претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

на прес клонференцијата на претседателот на владата во врска со објавените разговори со руските пранкери, Заев рече дека нема проблем да се извини на сите оние кои се нашле погодени од лажната комуникација.

SHARE