„Првата бензинска станица, ја имав честа да ја отворам далечната 2008 година, пред 11 години, како градоначалник на Струмица еве, денеска ја имам честа како претседател на Владата на Република Северна Македонија, да ја отворам 31-та бензинска станица на „Лукоил“ во Македонија“, изјавил денесека премиерот Зоран Заев пренесува ТВ21.

Заев денеска присуствуваше на свеченото отворање на бензиската на „Лукоил“ на патот за Арачиново на која присуствуваа и претставници на комапнијата и на руската Амбасада.

Првата бензиска станица на енергетскиот гигант „Лукои“ во Макдонија стартуваше во јули 2006 година, две години пред датумот со кој се пофали сегашниот премиер во име натогашниот градоначалник на Струмица, Заев.

Ова е 31 бензинска станица во мрежата на објекти на оваа компанија во Македонија.

На инвестицијата на најавени 50 бензиски пумпи на територијата на Македонија, претходеше меѓудржавен договор од тогашните македонски и руски претседател Бранко Црвеноковски и Владимир Путин.